Бреговите на Нов Зеланд се дом на некои од најфасцинантните животни во природата, вклучувајќи го најмалиот пингвин на светот и светло обоените морски змии. Но понекогаш океанот знае да исфрли и нешто необично.
Необичен објект бил забележан минатата недела на плажата Муривеј, во Окленд. Мелиса Даблдеј, откако го забележала, испратила фотографија на објектот до локална Фејсбук група, со надеж дека ќе добие подетална информација.
Оттаму, за природата на овој мистериозен феномен добила одговори во рангот од свемирски брод, уметничко дело, Роз – чудовиштето од култниот Дизниев цртан филм „Monsters Inc.“ итн.
Меѓутоа, само една шпекулација се доближила до вистината – Објектот всушност е пловечко дрво со голема група школки залепени на него.
Најверојатно се работи за мазните школки (Lepas anatifera), судејќи по нивните впечатливи пурпурни – кафени кадрици.