Необична комета се спаси од Сонцето

Оваа комета била интересна од две причини. Прво, зотоа што таа не припаѓа на ниедно познато семејство на комети. Најголемиот број на комети што „SOHO“ може да ги види припаѓаат на семејството „Kreutz“ – кои настанале после распаѓањето на една гигантска комета пред многу векови. Второ, мнозинството комети кои доаѓаат толку блиску до Сонцето што се видливи за „SOHO“, не го преживуваат патот. Оваа комета се приближила на 2,2 милиони милји до површината на Сонцето, но успеала да го помине патот неоштетена.

Откако „SOHO“ беше лансирана во 1995 година, успеа да открие најмногу комети воопшто досега. Ова е 2 875  откриена комета. Сепак, вакви комети што не припаѓаат на ниедна група, „SOHO“ гледа само неколку пати годишно.

Погледнете го видеото за да видите како кометата лета околу Сонцето. Кон крајот на видеото кога кометата почнува да формира опашка се појавува ерупција од соларен материјал што се нарекува коронална експлозија.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt