Со зголемување на бројот на тигри во дивината на 235 единки, во споредба со 121 како што беше забележано во 2009 година, Непал забележа голем успех во зачувувањето на еден од најзагрозените диви животни во светот.
Така оваа земја ќе ја достигне својата цел која беше поставена во 2010 година, кога 13 азиски земји на самитот за тигрите во Санкт Петербург се обврзаа да го удвојат бројот на тигри во нивните земји до 2022 година.
Успехот на Непал, пред се се препишува на силната политичка волја на владата на оваа земја да заштити еден од своите симболи, но и соработката со меѓународните организации, помеѓу останатото со Фондацијата “Леонардо Дикаприо”, која го финансира овој проект во Непал од 2010 година.
“Значајното зголемување на бројот на тигрите во Непал е доказ дека низ соработка можеме да ги спасиме дивите животни, дури и оние кои се пред изумирање. Непал е лидер во напорите да се удвои бројот на тигрите и служи како модел за слични активности не само во Азија, туку и во цел свет”, вели актерот Леонардо Дикаприо, познат љубител на природата, инаку член на управниот одбор на WWF USA и основач на фондацијата која го носи неговото име.
Во овој проект се вклучени уште 12 азиски земји кои се значајни за сочувување на популацијата на тигрите – Бангладеш, Бутан, Камбоџа, Кина, Индија, Индонезија, Лаос, Малазија, Мјанмар, Русија, Тајланд, и Виетнам, кои тесно соработуваат со организацијата WWF како главен двигател на иницијативата.
“Секој тигар во Непал значи многу за целиот свет. Иако Непал е многу близу до удвојување на бројот на тигри до 2022 година, сепак се потсетува дека е потребен многу напор за да се обезбеди долгорочна заштита на овие животни. Неопходно е да се зачуваат нивните природни живеалишта во соседните земји”, вели Гана Гурунг од организацијата на WWF во Непал.
Тигрите се најолеми животни од фамилијата мачки, но и меѓу најзагрозените видови на планетата поради постојаното уништување на нивното природно живеалиште со сечење на шуми и илегален лов поради крзно и сувенири кои особено се популарни во Кина.
Пред 100 години, над 100.000 тигри ја населилувале на планетата, за да до 2010 година тој број се намали за дури 95%, а нивната популација во целиот свет денес е нешто повеќе од 3.000 единки.