Големо враќање на европскиот бизон

Осум години откако е истребен со лов, дивиот европски бизон (Bison bonasus) е вратен на дините на холандското крајбрежје. Тоа би можело да го отвори патот до неговото враќање на останатиот дел од европскиот континент.

Ова најголемо европско копнено животно, последен пат е забележано во Холандија пред повеќе од 100 години, а неговата популација низ Европа е истребена до 1927 година. И покрај настојувањата во текот на педесеттите години од минатиот век повторно да се размножи видот во пределите на Полска, европскиот бизон сеедно и натаму е загрозен вид.

Токму поради тоа, шумарите често на европските бизони кои во Европа ги има околу 7 000, во текот на зимата им носат додатна исхрана за да го преживеат студот.

Истражувањето од Холандија за 22 бизони кои живеат во Краансвлак, дина од 330 хектари со природни езера кои се дел од националниот парк Zuid-Kennemerland, даваат надеж за преживот на бизоните.

Имено, во тоа истражување се доведува до прашање дали шумите се природно живеалиште на овие бизони или може да се прилагодуваат и на некои други краеви.

“Традиционално се смета дека европскиот бизон е шумско животно, но не сме сигурни во тоа. Верувавме дека шумите не се баш добри за нив, бидејќи во зима бараат храна и на други места”, вели Ивон Кемп, лидер на проектот и коавтор на истражувањето.

Обновувањето на популацијата на европскиот бизон започнала во април 2007 година. Требаше да придонесе во намалување на тревата и ниската вегетација која уште тогаш започнала да ја нарушува областа.

Истражувањето покажува дека бизоните можат да преживеат и без додатна храна, но и дека не можат да се снајдат на мали простори. Освен тоа, се покажува и дека можат да живеат и без луѓе.

Поддржете ја нашата работа: