На фотографијата подолу се наоѓа планинска антилопа, уште наречена и “источен бонго”, вид кој живее во Кенија.
Оваа антилопа има бели пруги по телото и бела полумесечина на градите.
Мажјаците живеат сами, а женките во стада.
Иако се прилично големи суштества, тие се срамежливи и плашливи, па затоа се најактивни за време на ноќта кога пасат лисја и грмушки.
За жал, поради ловот и уништувањето на нивните природни живеалишта, тие се загрозен вид и во дивината преживуваат најмногу 100 бонго антилопи.
Поддржете ја нашата работа: