Несфатени микроби

Микроорганизмите се исто така доминантни во нивната способност да живеат и да се развиваат во екстремни средини, вклучително и во облаците, подводните вулкани, изворите со врела вода, поларните ледени капи, како и во цревата на човекот.

Најголемиот број од животните се исто така поврзани со микробите. Тие живеат во и на нивната кожа, влакна, уста и утроба. Всушност, многу животни имаат помал број свои клетки отколку микробни клетки. Микробите играат важна улога во здравјето и животот на повеќето животни.

Луѓето, вообичаено ги поврзуваат микробите со болестите. Сепак поголемиот број микроби се повеќе корисни за човековото здравје , отколку штетни. Често ефектите на микробите врз домаќинот се неутрални. Микробите помагаат во варењето на храната и апсорпцијата на хранливите материи и се борат против лошите бактерии во цревата.

Тие произведуваат витамини и протеини што човечките гени не можат да ги произведат. Го превенираат растот на штетните бактериите на кожата и му помагаат на имуниот систем да се бори против инфекциите и болестите што го напаѓаат човечкото тело.

Поддржете ја нашата работа:
Ви благодариме за секоја ваша поддршка и донација