Витамин Д за полесно дишење

Астмата ги воспалува и стеснува дишните патишта. За жал, станува се почеста појава во последниве неколку години. Иако не постои универзален лек, астмата може да се контролира со лекови и со избегнување на алергените и други предизвикувачи.

Една неодамнешна студија од страна на Универзитетот во Тел Авив ги разгледува можностите за лесен начин на контролирање на астматичните епизоди.

Тимот на истражувачи ги анализирал медицинските досиеја на речиси четири милиони членови на здравствената организација Клалит, најголема во Израел, каде што биле измерени нивоата на витамин Д на 307.900 луѓе меѓу 2008 и 2012 година. Истражувачите, исто така, ги земале предвид клучните предвесници на астма, како што се дебелината, пушењето и други хронични болести и откриле дека астматичарите со недостаток на витамин Д имаат 25% повеќе напади.

Иако постојат многу податоци, преваленцата на астма не се намалува. Зголемувањето на нивотo на витаминот Д е лесно да се постигне и може значително да го подобри квалитетот на животот. Се препорачува лицата кои тешко ја контролираат астмата да го тестираат нивото на витамин Д.

Под „неконтролирана астма“ се подразбира препишување на најмалку 5 инхалатори, орални кортикостероиди или посета на лекар најмалку 4 пати годишно.

Витаминот Д има значајни имуномодулаторни ефекти и се очекува да влијае врз астмата, која е имонолошко заболување.

Иако поголемиот дел на витамин Д во телата на луѓето доаѓа од изложеноста на сонце, поради опасноста од прекумерна изложеност, дерматолозите препорачуваат други извори како на пр. риба, јајца, рибино масло, млеко.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt