Новите анализи на скелетите на луѓе кои пред 2000 г. живееле на територијата на Судан, покажале дека тие јаделе пурпурна трска (purple nutsedge). Овие луѓе имале зачудувачки здрави заби, а заслуга за тоа најверојатно имат антибактериските состојки што ги содржи оваа билка, нагласуваат научниците во студијата објавена во весникот „PLOS ONE“.
Во минатото, луѓето имале многу помалку кариес, делумно благодарение на исхраната која воглавно вклучувала многу месо, а малку шеќери.
Откако човекот почнал да одгледува храна, почнал да јаде и повеќе зрнеста храна. Тоа пак, овозможило бактериите во устата да земат замав и нивните киселини да ги уништуваат забите. Првите луѓе –фармери, кои почнале да произведуваат храна за јадење, имале повеќе расипани заби отколку нивните претходници –ловците.
Но, кога научниците ги погледнале забите на луѓето кои биле закопани пред приближно 2000 г. на гробиштата наречени „Al Khiday 2“, откриле дека помалку од еден процент од нив страдале од кариес, апсцеси или други болести на забите. Веројатно луѓето со расипани заби биле фармери, вели ко-авторот на студијата Донатела Усаи.
Анализите на делови од цврстите наслаги на забите на луѓето закопани на тие гробишта, покажале дека тие го конзумирале компирот од пурпурната трска, веројтно како храна, а и како лек. Луѓето закопани на „Al Khiday“ пред најмалку 8700 г. (пред да почне да се развива земјоделството таму) исто така го конзумирале овој компир, веројатно како храна.
Експериментите на други истражувачи покажале дека екстрактот од оваа билка многу пошироко го спречува растот на бактериите, со што влијае и на расипувањето на забите. Значи, оваа билка можела да послужи како хранлив оброк, или пак, веројатно ненамерно, и како антибактериска напивка, велат научниците. Сепак, тие нагласуваат дека таква врска не пронашле.
Ваквата функција е секако возможна, вели Сара Лејси, антрополог од Универзитетот „Св. Луис“ во Мисури. Досега, помеѓу древните народи, не е покажан ниеден друг пример на специфична билка која ги штити забите од расипување, додава Лејси.
Компирот од пурпурната трска има многу доблести, но вкусот секако не е една од нив. Луѓето можеби се обидувале да го ублажат горчливиот вкус со варење, а можеби едноставно и го толерирале.
Можно е да го користеле и со медицински цели. Медицината и онака најчесто има лош вкус, вели Карен Харди, ко-автор на студијата.