Откажете се од пушењето со помош на Oмега 3

Се обидувате да се откажете од пушењето? Рибиното масло може да ви помогне. Научниците откриваат дека Омега 3 ја намалува желбата за цигари.

Познато е дека пушењето го намалува нивото на Oмега 3 во мозокот. Недостатокот на Омега 3 ја оштетува структурата на нервните клетки и ја нарушува комуникацијата помеѓу нервите во оние области од мозокот одговорни за задоволство. Овие области се клучни во процесот на донесување на одлуки и се многу важни за зависноста, што значи недостатокот на Омега 3 предизвикува пушачот да не може да одолее на желбата за уште една цигара.

Претходните истражувања покажале дека недостатокот на Омега 3 е поврзан со менталното здравје, депресијата и способноста за справување со притисок и стрес. А притисокот и стресот пак, се поврзани со желбата за пушење. Токму затоа, конзумирањето на Омега 3 може да влијае на желбата за цигари.

Истражувањето било спроведено на 48 учесници кои пушеле просечно 11 години по просечно 14 цигари дневно. Тие биле поделени во две групи. Едната група пиела Омега 3 капсули од 950 мг.(504 мг. еикозапентанонска киселина и 378 мг. докосаексаеноичната киселина  од риби кои живеат во ладни води) пет пати на ден во рок од 30 дена. Другата група пиела пет плацебо таблети дневно за истиот временски рок.

По 30 дена, оние кои пиеле Омега 3 го намалиле пушењето за 11%, иако тоа не било побарано од нив. Намалувањето на пушењето е еквивалентно на околу две цигари дневно помалку. Групата која пиела плацебо не покажала никакви значителни промени.

„Супастанците и лековите кои се користат за луѓето да го намалат или да се откажат од пушењето не се многу ефикасни и предизвикуваат многу несакани последици. Резултатите од ова истражување покажуваат дека Омега 3, што е евтин и лесно достапен додаток во исхраната, значително го намалува пушењето, а нема несакани дејства“, вели д-р Шерон Рабиновиц Шенкар од Универзитетот во Халфа, Израел.

Истражувањето е објавено во „Journal of Psychopharmacology“.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt