Пробиотиците ги намалуваат масните наслаги во црниот дроб

Таложењето на маснотии во црниот дроб се нарекува стеатоза. Замастувањето на црниот дроб, што не е предизвикано од алкохолизам, најчесто е поврзано со дијабетис и зголеменото ниво на холестерол.

Многу луѓе не чувствуваат никакви симптоми, но кај некои стеатозата може да биде причина за воспаление оштетувајќи ја функцијата на црниот дроб. Во најлош случај може да доведе до смрт.

 Пробиотиците се микроорганизми кои се конзумираат поради нивното позитивно дејство врз здравјето.

Истражувачите од Универзитетот во Гранада, Шпанија открија три видови на пробиотици кои го намалуваат нивото на наталожени масти во црниот дроб кај дебели глодари во споредба со животни кои добивале плацебо.

Нивните наоди беа објавени во „Plos One“.

Истражувачите сепак нагласуваат дека пробиотиците не можат да го излечат замастениот црн дроб, но би можеле да се користат како поддршка на останатата терапија.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt