Неверојатни 3д слики од кањонот на Марс

Сликите се фокусираат на Офир Казма (Ophir Chasma) – огромен кањон на Марс кој е 62км. широк и 317 км. долг. На некои места е длабок 8-10 км. што е отрилика 8 пати подлабоко од Големиот кањон во Северна Америка.


Офир Казма е дел од познатата Долина Маринер (Valles Marineris)– еден од најголемите кањони во Сончевиот систем кој изгледа како огромна лузна на површината на Марс. Овие слики се направени на 19 јули 2015 година, на надморска височина од 1.857 км.
 
Индиската организација за вселенско истражување го лансираше леталото во 2013 година, а минатата година во септември влезе во орбитата на Марс. Со тоа, Индија стана првата земја која успешно влегла во орбитата на Марс од својот прв обид, што е прилично  импресивно. Покрај тоа, ова е досега најевтината мисија на Марс која чини 74 милиони долари (околу 67 милиони евра), што е всушност помалку од 100-те милиони долари (околу 90 милиони евра) кои беа потрошени за изработка на филмот „Гравитација“, а околу една шестина од цената на мисиите на НАСА.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt