Нобеловата награда за хемија оди за развој на криоелектронската микроскопија

Жак Дубоше, Јоахим Франк и Ричард Хендерсон се добитници на Нобеловата награда за хемија, за развој на криоелектронската микроскопија, метод кој генерира 3Д слики од биомолекулите.

Техниката, наречена крио-електронска микроскопија, овозможува за прв пат биомолекулите да бидат визуелизирани во нивната природна конфигурација, поттикнувајќи „револуција во биохемијата“, соопштија од Нобеловиот комитет. Последната верзија на технологијата значи дека научниците можат „филмски“ да ги снимаат биохемиските процеси додека се одвиваат.

„Овој метод ја пренесе биохемијата во нова ера. Сега истражувачите можат да замрзнуваат биомолекули за време на движење и да визуелизираат процеси. Тоа е важно како за основното разбирање на хемијата на животот, така и за развојот на фармацијата“, велат од комитетот.

Тројцата научници ќе поделат еднаков износ од вкупните девет милиони шведски круни(1,1 милион американски долари).

Вчера беше доделена Нобеловата награда за физика, за откритието на гравитационите бранови, додека наградата за медицина го доби проучувањето на биолошкиот часовник кај живите организими.

 

 

enauka.mk
9,244наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,762денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.