Ноќната визија станува подостапна

Во моментов уредите што обезбедуваат ноќна и термо визија се многу скапи делумно поради тоа што се изработени со помош на специјални полупроводници и имаат потреба од добра изолација во однос на надворешната средина.

Електронскиот уред има способност да детектира електромагнетни бранови и да создава слики на фрекфенции од 10 терахерци, што е највисоката фреквенција за електронски уреди. 

Уредот на УТ Далас е создаден со користење на шотки диоди во технологија на комплементарни метал оксид полупроводници скратено “CMOS“. “CMOS“ се користи за да се постигне достапност на електронските уреди како што се компјутерите, играчките конзоли и телевизорите со висока дефиниција. Покрај нивната достапност предност е и можноста многу лесно да се инкорпорираат и во “smart“ телефоните.

Не постојат електронски уреди кои оперираавт во “CMOS“ и кои може да достигнат фрекфенции над 5 терахерци. Новодизајнираниот чип може да биде произведен ефтино, има помал пиксел и работи на повисоки фреквенции.

„Ова е навистина забележително достигнување. Пред дваесет години, ние се обидувавме да создадеме “CMOS“ кола од 1 гигахерц. Сега имаме кола кои работат на фреквенции кои се 10.000 пати поголеми“- велат креаторите.

nauc Уредот може да се користи за обработка на слики од животни во близина на патот за време на возење во текот на ноќта, натрапници во темнина, обезбедување на светло за ноќно пешачење и проценка на бројот на лица  во просторија за подобра контрола на греење, климатизација и светлина. Исто така може да се користи и за други задачи, како наоѓање на цевки покриени со бетон или вградени во ѕидови.

Оваа технологија може да обезбеди многу супериорен начин за користење на инфрацрвениот дел од  спектарот. Електронската контрола на генерирање на инфрацрвени зраци директно од “CMOS“ интегрираните кола ќе овозможи широк спектар на важни нови апликации.

Следниот чекор во истражувањето е да се креираат “CMOS“ уреди кои може да достигнат дури и повисоки фреквенции, до 40 терахерци што во иднина може да овозможи буквално гледање низ ѕидови.

Истражувањето е претставено во декември во Меѓународната седница за електронски уреди.

Поддржете ја нашата работа: