Капки за очи за гледање во темница

Група на истражувачи кои се нарекуваат себеси „граѓани научници“ велат дека создале серум кој им овозможува да гледаат во темница.

Тие се независен тим на индивидуи посветени на научни истражувања чија цел е да ги доближат достапните ресурси на науката до обичниот човек. Нивната мисија е да направат колку што е можно повеќе истражувања. Велат дека се професионалци во истражување, здравствена заштита и технолошки дизајн и сите резултати и методологии ги објавуваат бесплатно на сајтот „Science for the Masses“.

Габриел Лисина е еден од тие истражувачи која ја презел улогата на „експериментално глувче“ и го испробал серумот, кој се состоел од супстанцата „Chlorin e6“ која има својства за засилување на светлината и се користи при некои третмани за рак. Тимот на истражувачи го помешал со инсулин и диметил сулфоксид за да ја зголеми неговата способност да се апсорбира во окото.

Тој примил ектремно мала доза од растворот на неговата конјуктивна вреќичка која го транспортира директно до мрежницата.

„Беше болно“, вели тој. „Носев заштитни леќи за да блокираат дел од светлината, бидејќи како што растворот ќе почне да делува интензитетот на светлина ќе се зголеми. Наскоро, морав да ставам очила за сонце““.

Ефектите биле забележливи по еден час, и по два часа Лисина заминал во една темна просторија со четири контролни субјекти за да направат три вида на тестови – препознавање на симболи од далечина, препознавање на симболи на позадина на која и се менува бојата од статична далечина и способност за идентификување на подвижни објекти на различна позадина и на различно растојание.

Лисина успешно ги препознавал симболите што не биле видливи за контролните субјекти. Иако тие признаваат дека се потребни многу повеќе тестирања, сепак, со оглед на сегашните резултати и претходната работа на оваа техника, се чини дека е фер да се каже дека оваа техника е успешна.

Очите на Лисина биле дезинфицирани и не била забележани никакви негативни последици во текот на наредните 20 дена. Деталите може да ги прочитате тука.

енаука.мк (реобјавена статија)

Поддржете ја нашата работа: