Нов 3Д принтер со кој децата ќе можат сами да си прават играчки

Произведувачот на играчки „Mattel“, минатата недела на саемот за играчки во Њујорк, објави дека наскоро ќе пушти во продажба 3Д принтер кој ќе им овозможи на децата сами да си ги дизајнираат и принтаат играчките по дома, со што повеќе нема да мора да се задоволуваат со стандардните кукли и барбики што моментално се достапни на пазарот.

Иако ова може да звучи како маркетиншки трик, од техничка гледна точка, овој нов производ е прилично неверојатен бидејќи се поврзува со неверојатно лесна апликација која им овозможува на децата да ги дизајнираат играчките на таблет, телефон или компјутер пред да ги испечатат и состават деловите.

Овој 3Д принтер ќе се продава во САД за 299,99 долари. Не е меѓу најевтините, но е еден од најлесните, со оглед на тоа што повеќето 3Д принтери имаат комплициран софтвер за кој би биле потребни дури неколку денови за да се совлада.

Играчките може да се прилагодат по боја и текстура и не се ограничени само на хуманоидни кукли – може да создадете диносауруси, роботи, скелети, накит  и многу други работи со кои ќе посакате да си играте.

Мора да признаеме дека ова е интересен начин на кој децата може да се научат како да користат нова технологија, и истовремено да ја изразат својата креативност. Можеби од овие деца ќе произлезат нови млади и надежни научници.

enauka.mk
9,244наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,762денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.