Нов лек за катаракта

Ако се докаже ефикасноста и кај луѓе, оваа состојка ќе може да се користи како неинвазивен третман за умерени форми на катаракта.

Научниците првпат ги откриле овие својства на ланостеролот преку опсервација на две деца од Кина, кои имале наследна форма на катаракта. После детално истражување било откриено дека децата имаат иста мутација која го блокира создавањето на ланостеролот. Нивните родители не развиле катаракта, бидејќи кај нив не била присутна мутацијата, што укажувало на тоа дека природниот стероид има голема улога во спречувањето на катарактата.

Научниците направиле серијата испитувања на леќи од човечки очи во лабораториски услови, на зајаци и кучиња. Резултатите покажале дека во сите случаи, со помош на ланостеролот, катарактата била значително намалена, или потполно исчезнала.

Катарактата претставува водечка причина за слепило насекаде во светот. Се развива поради неправилно таложење на протеините во леќата, што доведува до заматување на леќата и намалување на видот. Иако може да се јави како наследна форма, како во случајот со децата од Кина, научниците не се во потполност сигурни што ја предизвикува катарактата. Но во најголем број од случаите поврзана е со стареењето.

Засега, единствен третман за катаракта е хирушко отстранување на леќата и замена со вештачка леќа.

Иако се’ уште не е во потполност јасно како делува ланостеролот, научниците веруваат дека овој стероид го спречува таложењето на протеините во леќата.

И покрај тоа што се’ уште не се направени тестирања на луѓе, научниците сметаат дека истите резултати ќе ги добијат и во клиничките испитувања.

Истражувањето е објавено во списанието „Nature“.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt