Нов материјал кој сам се обновува

Новиот матерјал што ќе го видите во видеото, има способност самиот да се обнови откако ќе биде пробиен од куршум.

Материјалот е дело на Тимоти Скот и неговиот тим од Универзитетот Мичиген во Ен Арбор. Оваа „кожа“, што сама се обновува се состои од реактивна течност поставена помеѓу два листа од полимер. Кога ќе се пробие, хемикалијата наречена трибутилборан што се наоѓа во течноста, регира со кислородот и се стврднува, што доведува до затворање на оштетувањето во рок од само неколку секунди.

Постојат и други пластични материјали што сами се обновуваат, но за тоа е потребно многу подолго време. Способноста за моментално само-обновување може да биде многу корисно за заштита на вселенските летала и другите структури во орбитата, кои можат да бидат оштетени од објекти во вселената. Оваа пластика би можела да биде инкорпорирана во нивните ѕидови, со што би се овозможило запечатување ако атмосферата од внатрешноста на леталото почне да истекува надвор и ги загрози астронаутите.

Останатите материјали користат многу поразличен пристап за да ги сопрат проектилите. Едно футуристичко ткиво, што е комбинација на човечки клетки од кожа и свила од пајак може да амортизира куршум, ако е испукан со половина брзина. Чистиот графен, што претставува слој од јаглен со дебелина од еден атом, се испитува како можност за изработка на панцири, бидејќи може да издржи удар подобро до челик. (енаука.мк)

Истражувањето е објавено во „ACS Macro Letters“.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt