Истражувачите од Националната лабораторија за физички науки „Хафел“ во Кина, создале нов материјал кој го претвора јаглеродниот диоксид во формат (метаноат) – гориво кое согорува без токсични нус-продукти.
Научниците веќе со децении се обидуваат да пронајдат енергетски ефикасен начин со кој ќе го претворат CO2 во нешто корисно, а првичните тестирања укажуваат дека овој нов материјал е најветувачката опција што досега сме ја виделе. Ова би можело да биде еден од начините за справување со 36-те гигатони CO2 што се продуцираат секоја година, како последица на согорувањето на фосилните горива.
Материјалот се состои од микроскопски слоеви од кобал и може да се служи како извор на чисто гориво. Тој е со дебелина од само четири атоми, составен од ултра тенки слоеви на чист кобалт метал и кабалт оксид. Кога овој микс ќе се подложи на процес на електроредукција, односно кога низ материјалот ќе се пушти мало количество енергија, тоа предизвикува молекулите внатре во материјалот да стапат во интеракција со молекулите на CO2 кои слободно се движат низ него. Тоа овозможува водородните атоми да се закачат за јаглеродните атоми од СО2 што предизвикува еден дополнителен електрон да биде поместен во еден од неговите кислородни атоми. Со тоа СО2 станува „CHOO“ или формат.
Следниот чекор на истражувачите е да покажат на кој начин материјалот може да биде инкорпориран во комерцијалните технологии, за да може да се започне со користењето на СО2 што се наоѓа околу нас во атмосферата.
Материјалот е опишан во списанието „Nature“.