Новиот метод ги детектира токсините одговорни за Алцхајмер.
Создадена е МНР(магнетна резонанца) сонда со магнетни наноструктури (МНС). МНС најчесто е 10 до 15 нанометри во дијаметар, еден нанометар е еден милијардити дел од метар. МНС содржат антитело кое ги пребарува амилоид бета отровите во мозокот одговорни за појавата на болеста. Акумулираните токсини, поради придружните магнетни наноструктури, се појавуваат како темни области на скеновите.
Важна е детекцијата на токсични амилоид бета олигомери. Досега тоа беше можно само во подоцнежните фази на болеста. Бета олигомери се виновни за појавата на Алцхајмеровата болест, а потоа и губење на меморијата.
Во заболен мозок, мобилните амилоид бета олигомери ги напаѓаат синапсите на неврони, ја уништуваат меморијата и на крајот резултира со изумирање на невроните.
Оваа способност за рано откривање на молекуларните токсини еден ден може да им овозможи на научниците да ги откријат и спречат проблемите на почетокот и подобар дизајн лекови и терапии за борба и следење на болеста.
Деталите од истражувањето се објавени „Nature Nanotechnology“.