Нов метод за рано откривање на Алцхајмер

Новиот метод ги детектира токсините одговорни за Алцхајмер. Нучниците создале МНР сонда (магнетно резонантна сонда) со магнетни наноструктури (МНС). МНС се најчесто од 10 до 15 нанометри во дијаметар (еден нанометар е еден милијардити дел од метар). МНС содржат антитело кое ги пребарува амилоид бета токсините во мозокот, кои се одговорни за појавата на болеста. Акумулираните токсини, поради придружните магнетни наноструктури, се појавуваат како темни области на скеновите.

Важна е детекцијата на токсичните амилоид бета олигомери. Досега тоа беше можно само во подоцнежните фази на болеста. Бета олигомерите се виновни за појавата на Алцхајмеровата болест, а потоа и за губењето на меморијата.

Во заболениот мозок, мобилните амилоид бета олигомери ги напаѓаат синапсите на невроните, ја уништуваат меморијата и на крајот сето тоа резултира со изумирање на невроните.

Оваа способност за рано откривање на молекуларните токсини, може да им овозможи на научниците да ги откријат и спречат проблемите уште на почетокот на болеста, како и подобро да ги дизајнираат лековите и терапиите за борба и следење на истата.

Деталите од истражувањето се објавени „Nature Nanotechnology“.

Поддржете ја нашата работа: