Сега, научниците од неколку институции кои се во состав на Харвард, дизајнираа специјализиран катетер за затворање на рани на срцето, кој користи биоразградливо лепило и лепенка. Катетерот е успешно користен при истражувањата на животни за да се затворат дупките без да се прави операција на отворено срце.
Педро дел Нидо, шефот на кардиохирургија на детската болница во Бостон, кој дал свој придонес за ова истражување, вели дека уредот претставува радикална промена во начинот на справување со некои видови на срцеви мани. Покрај тоа што се избегнува опреацијата на отворено, се избегнува и процесот на шиење, бидејќи местото едноставно се залепува. Катетерот се вметнува преку вена во вратот или препоните и лепенката се лепи директно за срцето, со помош на УВ светлина. Ткивото со текот на времето ќе ја покрие лепенката и таа ќе се разложи.
Истражувањето е објавено во „Science Translational Medicine“, а видеото може да го погледнете на следниов линк.