Нов парфем: повеќе пот – повеќе мирис


Создаден е преку селектирање на сирови мириси на јонска течност (сол во форма на течност) која нема никаков мирис. Парфимираната јонска течност ја ослободува својата арома кога доаѓа во контакт со вода, со што поголем дел од мирисот на парфемот ќе се ослободи на кожата на човекот. Покрај тоа, ќе ги отстрани лошите миризби на потта. Соединенијата кои содржат тиол и се одговорни за лошата миризба на потта се привлечени од јонската течност, која ги прикачува за неа при што тие ја губат својата потенција.

Ова откритие би можело да има големи комерцијални можности, особено како нов начин за развој на производи за лична хигиена на пазарот.

Истражувачите моментално работат со една компанија која произведува парфеми со цел да развијат идеи за производи кои би можеле да се продаваат во продавници.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt