Бескрајниот меѓуѕвезден простор мириса слично на местото каде што се одржуваат автомобилски трки. Комбинација од врел метал, дизел и скара. Изворот на мирисот е од умрените ѕвезди, наречени планетарни маглини.
Нус-производи од нивното согорување се соединенијата наречени полициклични ароматични јаглеводороди. Овие се молекули кои се наоѓаат во целата вселена – вели Louis Allamandola, основач и директор на Лабораторијата за астрофизика и астрохемија во истражувачкиот центар на НАСА, Амес. “И засекогаш лебдеат наоколу, појавувајќи се во комети, метеори и вселенската прашина”, пишува Popular Science.
Овие јаглеводороди се наведени дури и како можна основа за најраните облици на живот на Земјата. Затоа не изненадува фактот дека овие полициклични ароматски јаглеводороди можат да се најдат во јаглен, нафта па дури и во храна.
Иако за луѓето е невозможно да дишат во вселената за да го почувствуваат тој мирис, станува збор за вакуум, на пример, астронаутите излегуваат од меѓународната вселенска станица, а притоа честичката која се наоѓа во вселената им се лепи за костумот, при што кога ќе пристигнат назад, ја чувствуваат миризбата.
“Такво нешто никогаш не успеав да помирисам, но знам дека на таа арома ќе се сеќавам цел живот“, изјавил астронаутот Кевин Форд во орбитата во 2009 година.
Мирисот на вселената е толку изразен што пред 3 години НАСА побара од Стивен Пирс, човекот од компанијата која се занимава со производство на мирис, Omega Ingredients, да создаде мирис кој ќе користи за обука на новите астронаути.
“Неодамна го направивме мирисот на Месечината”, вели Пирс. “Астронаутите го споредија со барутот”.
Аламандола објасни дека нашиот сончев систем е особено ароматичен, бидејќи е полн со јаглерод,а има и малку кислород, “многу слично како во автомобил, ако нема доволно кислород, почнуваат да се појавуваат саѓи и се чувствува смрдеа”. Од друга страна, ѕвездите богати со кислород имаат арома која потсетува на скара на жар.
Надвор од нашата галаксија, миристите можат да бидат доста интересни. Во мрачните делови на вселената, молекуларните облаци потсетуваат на палета од мириси, од сладок шеќер со одвратен мирис на расипани јајца.