Користењето на алгоритми за да се предвиди исходот на бременоста врз основа на протеини во урината на една жена може да го претвори ова во реалност.
Фармацевтските производи денес може да кажат дали жената е бремена и колку долго, но многу неизвесности остануваат. Три четвртини од спонтаните абортуси се случуваат во првите три месеци од бременоста, а многу жени се воздржуваат од споделување на своите вести. Но, тоа може да се промени, благодарение на тестот развиен од МАП Дијагностика во Хертфордшир, Велика Британија. „Сакаме да ги информираме родителите за потенцијалниот успех да имаат здраво дете”, вели основачот на фирмата, Стивен Батлер.
Тест анализата на протеините во урината на жената може да ги предвиди шансите за успешно раѓање, спонтан абортус, пре-еклампсија, како и тоа дали жената е бремена со близнаци.
Тестот бил инспириран од вештачкото оплодување. Традиционално, најздравите ембриони се избрани „од око“ за имплантација во жени подложени на овој третман. Поновите пристапи земаат клетки од ембрионот и со генетски тест детектираат хромозомски абнормалности или генетски мутации поврзани со лош исход на бременоста. Проблемот е што овие тестови се скапи, инвазивни и на крајот на краиштата, подложни на грешки.
Неинвазивните пристапи се чекор напред, вели Франциско Домингез од Фондацијата за вештачко оплодување во Валенсија, Шпанија, кој исто така се обидува да ги искористи протеините ослободени од ембрионите за да го предвиди нивното здравје.
Ембрионите лачат протеини кои се појавуваат во ИВФ културата или урината на нивните мајки. Наместо „стапче за мочање“, тестот на Батлер користи мал спектрометар за масти, кој најчесто се користи за идентификување на сите протеини во урината.
За успешно предвидување, екипата користи алгоритам развиен врз основа на анализа на мостри од 121 жени кои биле 6 и 10 недели бремени. Со идентификување на разликите во профилите на протеинските мостри, алгоритамот ги идентификува шемите кои се поврзани со спонтан абортус. Наодите беа презентирани на годишната средба на Европското друштво за хумана репродукција и ембриологија во Лисабон, Португалија, во јуни.
Други алгоритми може да предвидат близнаци или хромозомски абнормалности на фетусот. Но, пред тестот да биде пуштен за широка употреба, тимот сака фино да ги подеси алгоритмите. Тие планираат анализи на околу 10.000 примероци за да се подобри откривањето на хромозомски абнормалности кои предизвикуваат Даунов синдром, на пример, пред да се развие еден сет за домашно тестирање.
Тестот ќе биде корисен, но само ако е крајно точен. Не би сакале многу жени да се стресуваат поради лажни резултати.
Причините за многу спонтани абортуси се мистерија и не може секогаш да се спречат. Сепак, Домингез е уверен дека тестовите базирани на урина се повеќе од ветување. Ова е иднината.