Мрежата од нановлакна веќе е успешно тестирана на бактериски колонии и модели на кожа во лабораторија, а резултатите покажуваат дека бактериите се движат надвор од раната и влегуваат во материјалот. Со други зборови, ги извлекува инфекциите од човечкото ткиво.
„Кај повеќето луѓе, раните заздравуваат брзо. Но, за некои луѓе, се јавуваат потешкотии во процесот па потребно е повеќе време и се ранливи на инфекција”, вели водечкиот истражувач Мартина Абриго, од универзитетот за технологија Свинбурн, во соопштението за медиумите.
Мрежата од нановлакна е создадена со користење на техника наречена електроспининг, во која полимерни нишки 100 пати потенки од човечкото влакно се истиснати од електрифицирана млазница.
Потоа, влакната се обложени со соединение наречено алиламин, кое има способност да закачи/впие голем број на различни бактерии.
Мрежата досега е тестирана на „Staphylococcus aureus“, бактерија која често е вклучена во хронични инфекции на рани, како и Ешерихија коли и се покажа дека бактериите брзо се префрлаат на влакната.
Резултатите се објавени во „ACS Applied Materials and Interfaces and Biointerphases“.
Следниот чекор е тестирање на мрежата на реални рани и разликите во времето за заздравување. Ако се оди според планот, материјалот може да се инкорпорира во завои од голема корист за луѓето кои живеат во оддалечени области или оние кои имаат хронични заболувања, како што се дијабетес, висок холестерол, тешки изгореници, рак или сида, односно се изложени на поголем ризик од инфицирање на раните.
Всушност ќе ни помогне на сите нас за побрзо и побезболно лекување, па истражувачите се прилично нестрпливи и возбудени.