Нова батерија инспирирана од витамини

Научниците од Харвард, инспирирани од витаминот Б2, откриле нова класа на органски молекули со високи перформанси, кои безбедно можат да складираат електрична енергија од енергетски извори – како што е соларната или ветерната енергија во големи батерии.

Ова се надоврзува на еден претходен труд од истиот тим, кага развија батерија со висок капацитет која складира енергија во органски молекули наречени хинони и во адитиви за храна наречени фероцијаниди.

Во 2014 година, научниците од Харвард ги заменија металните јони кои се користат како конвенционални ацидни батерии со хинони – молекули кои служат за складирање на енергијата кај растенијата и животните. Во 2015 година, тие развија хинони кои можат да функционираат во алкалните раствори, заедно со еден вообичаен адитив за храната. Ова беше голем напредок кој прв пат овозможи да се добијат незапаливи, нетоксични, некорозивни и евтини хемикалии кои можат да складираат големи количини енергија по ниска цена.

Инспирација за новото истражување бил витаминот Б2 кој во организмот помага енергијата од храната да се складира во телото.

Главната разлика помеѓу Б2 и хиноните е тоа што тука, наместо кислородни атоми, во собирањето и испуштање на електроните се вклучени азотни атоми.

„Само со неколку измени во оригиналната молекула на витамнот Б2, новата група молекули станува добар кандидат за алкалните батерии. Тие имаат висока стабилност и растворливост и овозможуваат батерии со висока волтажа и капацитет за складирање. Бидејќи е многу лесно да се направат витамините, оваа молекула може да се произведува во големи количини и по многу ниска цена“- велат истражувачите.

Истражувањето е објавено во „Nature Energy“.

Поддржете ја нашата работа: