Нова генерација на кондоми

Развиени од страна на истражувачкиот тим на Институтот за интелигентно истражување на полимери на Универзитетот во Волонгонг, „следната генерација” на кондоми може да ги замени латекс кондомите, па дури и да обезбеди поголема заштита, поради мекиот и влажен материјал.

Хидрогелот се користи во контактни леќи, паста за заби и гелови за туширање. Главно се состои од вода која се држи со долги молекуларни ланци познати како полимери. Креаторот на хидрогелниот кондом, д-р Роберт Горкин, биомедицински инженер на Универзитетот, вели дека за разлика од латекс кондомите, хидрогелниот не се чувствува како гумена ракавица, а тоа всушност може да го подобри безбедниот секс.

 

Материјалот претставува нова ера во сексуалното здравје. Чиста, мека пластика која речиси не се чувствува на допир, но со еднаква цврстина и пропустливост како комерцијалните латекс кондоми. Горкин се надева дека трајноста и удобноста ќе ги променат ставовитена луѓето за безбеден секс. Тимот е во процес на вградување на анти-ХИВ лекови во материјалот.

Тимот исто така, планира да додаде хемикалии за зголемување на сексуалното задоволство. Ова е можно со кондомот од хидрогел бидејќи својствата на материјалот дозволуваат додавање на агенси, кои се ослободуваат при сексуална активност. Од друга страна, латексот може само да се обложи со лубрикант.

За да најдат решение, истражувачите експериментирале со хидрогел материјали со цел да создадат кондом со само-подмачкување кој ослободува мала доза на Вијагра за носителите. Геловите, исто така може да се прилагодат за спроведување на електрична енергија, т.е  поттикнување на електрични стимулации за време на сексот.

Сепак, постојат детали кои го намалуваат ентузијазмот. Само-подмачкувачкиот кондом не може да направи голема разлика, бидејќи кондомите се веќе подмачкани. Исто така, бидејќи обично е потребно околу половина час за Вијаграта да дејствува, се чини непотребно, бидејќи нејзината примарна употреба е да им помогне на мажите да постигнат ерекција.

Минатата година, на тимот му беше доделен еден од 52-те грантови во светот од Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс за развивање на „следната генерација“ на кондоми.

Овој кондом е само еден од многуте кои се развиваат како одговор на предизвикот „Нова генерација на кондоми“. Микеле Чу, студент на Институтот Прат во Њујорк разви иновативна идеја за контрацепција- спреј кондом. Кондомот се прска директно на пенисот или вагината и мажите мораат да чекаат вкупно две минути пред да имаат секс.

Сè на сè, главната грижа на овие проекти е безбедноста. Лансирањето на хидрогелниот кондом кој е сличен на постоечките од латекс, во однос на неговата издржливост може да поттикне понатамошно користење на кондом и да се спречи распространувањето на сексуални болести.

Додека ги чекаме сите нови иновативни контрацептивни средства, не заборавајте да ги користите постоечките.

Поддржете ја нашата работа: