Ако ова лето одите на плажа можеби размислувате и да нуркате. Тоа е забавен начин да го видите подводниот свет, заедно со пријателите и семејството. Од друга страна, можеби мислите дека нуркањето не е толку забавно како што си замислувате поради опремата која ќе мора да ја користите – наочарите за во вода кои не ви одговараат и цевката за дишење со вашата уста. Но, можеби повеќе нема да има потреба од нив.
Ви ја претставуваме револуционерната маска наречена „Н2О Ninja Mask“ која е дизајнирана со цел да го покрие целото лице овозможувајќи ви да дишете природно преку вашиот нос и уста. „H2O Ninja Mask“ нуди повеќе удобност, погодност и сигурност за разлика од останатите маски на пазарот.
За сите што сакаат да го надградат своето искуство во нуркањето, „H2O Ninja Mask“ заслужува да се погледне. Погледнете ги сликите кои следат за да го видите досегашното искуство на нуркачи со оваа маска.
Додека дишите, непробојната поликарбонатска леќа на маската не се замаглува и притоа овозможува неверојатен поглед од 180 степени околу вас.
Нејзината „Dry Top“ технологија не и дозволува на водата да се пробие и да навлезе во маската преку цевката.
Со вклучената „GoPro“ камера маската овозможува сликање и снимање под вода.
Маската е соодветна за нуркање од 2 до 3 метри и чини 140 долари.
Мора да признаеме, „Н2О Ninja Mask“ е еден од најиновативните производи досега, кој ви овозможува да дишете нормално под вода, на истиот начин како и на земјата.