Нова руска апликација за препознавање на лица

Двајца млади Руси направиле апликација за препознавање на лица со помош на која корисникот може да фотографира луѓе и да го открие нивниот идентитет со 70% прецизност.

Апликацијата наречена „Findface“ била лансирана пред два месеци во Русија и како што пишува „The Guardian“, веќе има 500.000 корисници кои направиле речиси 3 милиони пребарувања. Апликацијта работи преку споредба на профилните слики на „Вконтакте“- социјална мрежа популарна во Русија и бившиот Советски Сојуз која има над 200 милиони корисници, со речиси една милијарда фотографии.

„Findface“ е дело на 26-годишниот Артем Кухаренко и 29-годишниот Александер Кабаков и за разлика од другите технологии за препознавање на лица, нивниот алгоритам овозможува брза пребарување во голема база на податоци.

Според „ComputerWorld“, овој  алгоритам надминал 100 други алгоритми за препознавање на лица, меѓу кои и оној на „Google“, на натпреварот „MegaFace challenge“ од Увиверзитетот во Вашингтон, постигнувајќи 73,3 проценти точност од 1 милион лица.

„Со помош на овој алгоритам може да пребарувате низ една милијарда фотографии за помалку од секунда, од обичен компјутер“- вели Кабаков за „The Guardian“.

Во основа, сѐ што треба да направите е некого тајно да фотографирате на улица, да ја аплодирате фотографијата, а апликацијата ќе ви покаже за кого најверојатно се работи и плус ќе добиете 10 „бонус“ идентитети кои изгледаат слично.

„Ако видите некој што ви се допаѓа, може да го фотографирате, да го откриете неговиот идентитет и потоа да му испратите барање за пријателство. Исто така, може да побарате слични лица, така што може да аплодирате фотографија од некоја филмска ѕвезда која ви се допаѓа, или од вашата „бивша“ и да најдете десет девојки кои изгледаат слично на неа и да им испратите порака“– објаснува Кабаков.

И ако ова изгледа како морничав начин за пронаоѓање на партнер, тоа не е сѐ. Како што пишува „The Guardian“, веќе има случаи кога некои луѓе ја искористиле апликацијата за пронаоѓање на личните профили на порно ѕвездите за да ги вознемируваат, додека еден фотограф од Санкт Петербург сликал непознати лица во метро и го објавил нивниот идентитет на интернет без да побара дозвола за тоа.

Кухаренко и Кабаков инсистираат дека ова не е намената на нивниот софтвер. Како што пишува „ComputerWorld“, креаторите посочуваат дека нивната технологија за препознавање на лица може да се користи од страна на полицијата „во потрагата по можните криминалци или криминалците по кои се трага, со помош на „streaming“ видео камерите, или од страна на царинските служби за идентификација на лицата „кои се на листите за потрага“, или „да се идентификуваат и мониторираат“ фановите во реално време како што се спортските и забавните настани.

Апликацијата функционира само на „Вконтакте“, така што корисниците на „Facebook“се безбедни – би рекле засега.

https://www.youtube.com/watch?v=VZnWnbFUJqQ

Поддржете ја нашата работа: