Алјаска е една од најслабо обележаните места на Земјата. Дури и топографските карти на Марс и Месечината до скоро беа подетално обележани од оваа арктичка држава.
Минатата недела, Белата Куќа, Националната фондација за наука и Националната агенција за геопросторно истражување на САД, ја објавја најдеталната дигитална топографска карта на Алјаска, што досега е направена. Откако претседателот на САД ја посетил оваа далечна држава минатата година, издал наредба да се направи топографска карта врз база на сателитски снимки на целиот Арктик до 2017 година, со цел да се следат ефектите од климатските промени врз регионот.
На претходните топографски нарти на Алјаска, не беа прикажани области помали од 30 метри во пречник. Новите карти имаат хоризонтална резолуција од околу 2 до 5 метри и ги покажува висинските разлики помали од 0,6 метри.
Според истражувачите, ваквата резолуција овозможува да се откријат промените предизвикани од глобалното затоплување.
Дигиталните топографски карти во висока резолуција се базираат на две слики од иста локација, снимени во кратка временска разлика од сателит. Овие слики, со помош на алгоритам се процесираат во 3Д модели. На овој начие е полесно да се направи карта на половите, бидејќи сателитите можат да прават слики многу почесто од целата територија на Арктикот, за разлика од традиционалниот начин на снимање од авион, што е потешко и поскапо да се направи, велат истражувачите. Сателитското снимање овозможува редовно да се прават нови мапи, во кои ќе можат да се вклучат промените на теренот
Деталните слики од терените на Алјаска ќе им помогнат на истражувачите да ги следат прмените на морското ниво, крајбрежната ерозија и топењето на мразот, што се последица на климатските промени.
Податоците од дигиталните топографски карти се јавно достапни на веб страната на „NGA“ и преку „web-based viewer“.
Текстот е објавен во „Live Science“.