Нова верзија на препораките за спиење

кои се движат од новороденчињата (кои имаат потреба од 14 до 17 часа спиење дневно), до лица од 65 години и повеќе, на кои им е доволен 7-8 часа сон.

Во новото упатство има поголем опсег на она што всушност значи квалитетно спиење.

Експертската комисија се состои од 12 претставници, 6 лица избрани од страна на медицински организации и 6 лица избрани од страна на Националната фондација за спиење.

Тие се едногласни дека има уште многу нејаснотии во врска со спиењето. Досега е познато дека има обновлива функција и е важно за консолидирање на меморијата. Но, иако поминуваме една третина од животот во спиење, постојат многу непознати детали.

Врз основа на анализа на 320 истражувања за должината на спиењето кај здрави лица и здравствените последици од премалку или премногу спиење, тимот ги препорачува следниве временски рамки:

Новороденчиња (0-3 месеци): 14-17 часа секој ден (претходно беше 12-18).

Доенчиња (4-11 месеци):  12-15 часа (претходно беше 14-15).

Бебиња (1-2 години):  11-14 часа (претходно беше 12-14).

Децата на предучилишна возраст (3-5 години): 10-13 часа (претходно беше 11-13).

Децата на училишна возраст (6-13 години): 9-11 часа (претходно беше 10-11).

Тинејџери (14-17 години): спектарот е проширен за еден час и изнесува од 8-10 часа (претходно беше 8,5-9,5)

Млади возрасни  (18-25): 7-9 часа (нова возрасна категорија).

Возрасни (26-64): 7-9 часа (нема промена).

Стари лица (65+): 7-8 часа (нова возрасна категорија).

Резултатите се објавени во „Sleep Health: Journal of the National Sleep Foundation“.

ЕНаука.мк e проект во кој главната движечка сила се лица со хендикеп и негови главни цели се враќање на интересот за науката и технологијата во нашите домови, институции и медиуми, како и да докаже дека вистинското место на лицата со хендикеп е во македонската наука и економија. Редовното посетување на нашиот портал, споделувањето и дискусија на интересните статии ќе овозможи одржливост на овој проект и ќе поттикне други слични идеи од кој бенефит би имало целото општество.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt