Новата камера на „NIKON “ има зум до Месечината

Наскоро можеби повеќе нема да ни бидат потребни телескопи за да ѕирнеме во небото, туку само новата камера на „Nikon“.

Видеото направено со новата камера „Coolpix P900“ на „Nikon“ ни покажува како објективот на уредот со 83x зум може да ја сними Месечината, при што изгледа како таа да се движи, што всушност претставува илузија поради ротацијата на Земјата. Иако сликата не е јасна, исто така може да се видат и кратерите на Месечината во детали.

Оваа камера беше лансирана во март оваа година и чини 600 долари.

Доколку сте заинтерсирани за сични експерименти со помош на оваа камера слободно побарајте на интернетот постојат повеќе фасцинантни видеа снимени со оваа камера

Поддржете ја нашата работа: