Нови детали за трансплантацијата на човечка глава

Многумина не ја примија оваа вест баш ентузијастички, ама што е, тука е.

Експериментот тргна еден чекор напред со најавата дека Рен Ксијаопинг, хирург од Медицинскиот универзитет Харбин во Кина, ќе биде партнер со Канаверо за вршење на контроверзната процедура.

Можеби веќе знаете, проектот  има волонтер: Валери Спиридонов, 30-годишниот русин со мускулна атрофија кој уште во април изјави дека е подготвен да се отстрани неговата глава и да се поврзе со телото на друго лице. „Мојата одлука е конечна и не планирам да го променам своето мислење”, изјави тој. Дури помалку морбидно, тој вели дека трансплантацијата е на некој начин роденденски подарок.

На неодамнешниот семинар „на граница на науката” во североисточниот дел на Кина, Канаверо вели дека тој успеал да регрутира хирург да му помогне да се изврши  контроверзната процедура. Д-р Рен е единствената личност во светот која може да го води овој проект, а Кина може да биде најдобар избор за извршување на трансплантацијата на глава.

Некој кој е веќе навлезен во светот на трансплантации на глава добро го знае името Рен Ксијаопинг. Од 2013 човекот спроведе 1.000 трансплантации на глави на глувци и ги објави плановите за извршување на истата работа на примати подоцна оваа година.

Глувците со нови глави, може успешно да дишат, пијат и да гледаат. Неколку минути.

Не е баш надежно, но Ксијаопинг вели дека тој ја усовршил постапката, особено кога станува збор за хранење на оксигенираната крв од мозокот во нивните нови тела. Но дури и тогаш, тој се надева дека приматите ќе живеат малку повеќе од глувците.

Пред речиси 5 децении се случи првата „успешна“ трансплантација на глава. Во 1970 година, главата на еден мајмун беше ставена врз телото на друг на Факултетот за медицина Вестерн Ресерв во САД. Овој хибрид беше во можност да живее преку потпомогнато дишење девет дена.

Постапката за трансплантација на глава Канаверо ја објасни детално пред неколку месеци.

Претседателот на Американската асоцијација на неврохирурзи вели дека Спиридонов не треба да се согласи на операцијата, дури и ако тој самиот е убеден дека е неговата најдобра опција. Постојат полоши работи од смртта.  

Во продолжение погледнете го видеото во кое Ксијаопинг зборува за неговата работа со глувците.

 

Поддржете ја нашата работа: