Нови слики од Розета

Сликата детално го покажува регионот, односно границата помеѓу два региони познати како „Imhotep“ и „Ash“. Може да ја забележите и сенката на сателитот бидејќи кога сликата е направена, Сонцето се наоѓало директно позади Розета.


Кометата 67П станува се повеќе активна како што се доближува до Сонцето, што значи дека сателитот нема да може постојано да работи како досега, бидејќи гасот и прашината кои доаѓаат од кометата му го попречуваат патот. Планот е сателитот да мирува, со повремено прилижување до кометата.


Поради тоа што Сонцето се наоѓало директно позади Розета, површината на сликите изгледа многу помазно отколку што всушност е.

67П моментално се наоѓа на 328 милиони километри од Сонцето, движејќи се со релативна брзина од 83 илјади километри на час. Ќе биде најблиску до наша ѕвезда на 186 милиони километри, а тоа ќе се случи кон средината на август, при што мразот на кометата ќе испарува во брзо темпо и Розета ќе мора да се повлече неколку стотици километри.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt