Нови сомнежи за долгорочната ефикасност на е-цигарите

Истражувачите анализирале информации од повеќе од 1000 луѓе кои учествувале во четири претходни истражувања кои испитувале дали е-цигарите може да ја зголемат стапката на откажување од пушење. По еден месец, поголем процент од луѓето кои користеле е-цигари се откажале, во споредба со процентот на луѓе кои користеле плацебо или никотински налепници.

Сепак, по 3-6 месеци немало разлика во стапката на откажување меѓу луѓето кои пушеле е-цигари, во споредба со оние кои користеле плацебо или никотински налепници.

„Иако е-цигарите се глобално промовирани и се користат како алатка за откажување од пушење, ние не најдовме податоци кои би ја подржале тезата за нивна долгорочна ефикасност’’ вели д-р Раид Ал-Лехеби од Универзитетот во Торонто во соопштението.

Е-цигарите не содржат тутун. Наместо тоа, тие никотинот го претвораат во пареа и корисникот тоа го вдишува.

Новите откритија се согласуваат со истражување од 2014 година во кое е утврдено дека луѓето кои користеле е-цигари како прилог на регуларните цигари немале поголема веројатност дека ќе се откажат од пушењето една година подоцна од оние не користеле електронски уреди.

Преглед на 18 истражувања за безбедноста на е-цигарата, исто така покажале дека корисниците повремено доживуваат несакани ефекти, како што се сува кашлица, воспаление на грлото и отежнато дишење. Употребата на е-цигарите исто така е поврзана со поголем ризик од сериозни проблеми, како што се воспаление на белите дробови и неправилно чукање на срцето, во споредба со користењето на никотинските налепници во процесот на откажување од пушењето.

Со оглед на потенцијалните здравствени ризици од користење на овие нејасни и нерегуларни уреди, поединци кои бараат помош за да престанат со пушењето треба да разгледаат и други, повеќе етаблирани опции се додека не се извршат повеќе истражувања’’– вели Ал-Лехеби.

Истражувачите нагласуваат дека се потребни сеопфатни, долгорочни истражувања за безбедноста и ефикасноста на е-цигарите за да се види дали навистина уредите можат или не можат да им помогнат на луѓето да се откажат од пушењето.
Истражувањето е презентирано оваа недела на конференцијата на Американското Торакално Здружение во Денвер.

Поддржете ја нашата работа: