Нови ултра тенки леќи

Оптичките леќи функционираат преку фокусирање на светлината на одредена точка, за да можат нашите очи да ја воочат, но засега постои граница во големината на објектите на кои светлината може да се фокусира. Со години научниците се обидуваат да ги намалат рамните леќи за да се надмине оваа пречка, но сите успешни концепти досега биле исклучително сложени и скапи.

Новите леќи се со дебелина од само 200 nm, а истражувачите ги изработиле со помош на распрскувачки графен оксид. Уникатниот индекс на прекршување на материјалот им овозможува на леќите да се фокусираат на ситните објекти во 3Д на начин кој не беше возможен со претходните леќи. Покрај тоа, процесот за изработка на овие ултра тенки леќи е едноставен, евтин и лесно прилагодлив.

Овие леќи би можело да се користат за изработка на уреди со кои ќе може да се врши набљудување, следење, манипулирање и фаќање на најситни честички во реално време. Со други зборови, имаат потенцијал да ја унапредат технологијата што се користи за медицинската дијагностика и третман, сензорите, сликите, па дури и кај компјутерите.

Истражувањето е објавено во „Nature Communications“.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt