На зимското дебелеење влијае и сончевата светлината

Покрај неизбежното празнично уживање во разни деликатеси во текот на зимата, ретко кој не се стекнува со некој килограм повеќе. Воглавно тоа го препишуваме на конзумирањето нездрава храна или алкохол во текот на празниците и недостатокот на физичка активност. Но сепак се чини дека постои уште еден фактор за кој премногу не размислуваме.

Според новата студија, вишокот на килограми би можеле да бидат последица од недоволната изложеност на сонце.

Имено, научници од Универзитетот „Алберт“ од Едмонтон откриваат дека масните клетки кои се наоѓаат под кожата се намалуваат кога се изложени на сончева светлина.

„Кога сончевата сина светлина, односно онаа сончева светлина која ја гледаме со голо око, продира во нашата кожа и доаѓа до масните клетки, тогаш клетки се намалуваат и не се шират во масни наслаги. Со други зборови, помалку се дебелееме кога сме изложени на сончева светлина“, вели главниот автор на истражувањето, Питер Лајт.

Ова откритие го натера Лајт и неговиот тим од научници да истражат што се случува кога човечкото тело е помалку изложено на сончева светлина, како на пример за време на пократките зимски денови кога луѓето имаат помала можност да бидат изложени на сонце. Тој додава дека таквиот ефект е особено изразен кај лицата кои живеат во области каде преовладува постудена клима.

“Ако ги погледнеме нашите наоди од тој агол на набљудување, таквата недоволна изложеност на сончева светлина, годишно кај луѓето во северните региони може да поттикне дополнително складирање на маснотии и со тоа да придонесе за стекнување на дополнителни килограми во текот на зимата”, додава тој.

Сепак во студијата се наведува дека сончевата светлина не ја игра главната улога во добивањето на килограми. Потребни се додатни истражувања за да може да се одреди колку точно е потребно да се изложуваме на сонце за масните наслаги да почнат да се намалуваат.

“Сè уште е рано. Но, не е тајна дека светлината го регулира нашиот (еднодневен биолошки ритам), а ние веруваме дека светлината, исто така, може да има ефект врз масните клетки што се наоѓаат под нашата кожа”, вели Лајт.

Поддржете ја нашата работа: