Новиот бел ласер може да го замени LED осветлувањето

Оваа технологија би можела да се примени кај сите видови на осветлување, кај компјутерите, телевизиските екрани, па дури и следната генерација на „Wi-Fi“.

Обично, полупроводниците можат да произведат само една бранова должина, а со тоа и една боја. Тимот на научници од Универзитетот во Аризона успеале да создадат полупроводник во три сегменти, со нано димензии, при што се создадени три бои – црвена, зелена и сина. Научниците успеале успешно да ги искомбинираат сегментите преку варијации на температурата, како и контрола на други фактори и притоа откриле дека со толку мали димензии, полупроводничкиот лист изнесува само една петина од дебелината на човечкото влакно. Добиениот бел ласер, односно бела светлина се смета за комплетна мешавина од сите бранови должини на видливиот спектар.

Белиот ласер е само еден дел од тоа што овој нано проводник може да го направи. Може да користи повеќе бои од LED осветлувањето, што значи дека буквално може да се употреби насекаде, од вашата лампа над креветот, до фаровите на автомобилот. Исто така, би можело да доведе до подобрување на брзината на „Li-Fi“ – технологија каде што LED осветлувањето се користи за уредите да се поврзат на интернет (систем базиран на ласер кој има потенцијал да биде 10-100 пати побрз од се што е создадено со LED диодите, што пак е 10 пати побрзо од денешните Wi-Fi конекции).

Иако се’ уште постојат пречки кои треба да се надминат, ова претставува првиот чекор кон возбудливи иновации. Во иднина, научниците сакаат да експериментираат користејќи електрична енергија, наместо светлина. Истражувањето е објавено во „Nature Nanotechnology“.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,237од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.