Ново возило што може да се претвора во други возила

Запознајте го „Blackbird“ – ново електрично возило кое е мајстор за имитирање, односно може да се прилагоди на многу начини за да го имитира возењето на кој било друг автомобил.

Произведено е од страна на автомобилските ентузијасти од „The Mill“ – студио за дигитални ефекти во Лондони и покрај целосно индивидуализираната шасија, опремено е и со камери од 360 степени што му овозможува да се снима додека имитира одреден автомобил.

„Blackbird“  може да ја промени својата должина до 1,2 метри и својата ширина до 25 сантиметри, како и да ги прилагоди гумите, амортизерите и воланот за да одговараат на речиси секое возило на патот. Се опишува како првото целосно прилагодливо возило во светот бидејќи може дури и да се програмира електричниот мотор за да поддржува различни карактеристики на возење.

Причината за неговата изработка е снимање на реклами, односно можност да се снимаат реклами за автомобили без потреба од вистинскиот автомобил, со што се отфрлаат проблемите за достапноста на автомобилот или можноста за негово оштетување за време на снимањето.

Мислите дека не е возможно да се сними реклама за автомобил без вистинскиот автомобил и сето тоа да изгледа исто толку добро како и вистинскиот? Погледнете ја галеријата на реклами на „The Mill“ за големи производители на автомобили која потенцира колку ова возило е реално и навистина неверојатно.

Поддржете ја нашата работа: