Новооткриеното ледено тело може да укажува на Планетата Девет

Научниците објавија дека откриле нов леден свет на работ на Сончевиот систем, кој иако мал би можел да да биде од помош во потрагата по хипотетичката, но сѐ уште непотврдена Планета Девет.

Новото откритие, именувано како „L91“ спаѓа во т.н. транс-нептунски објекти (ТНО), што значи дека се работи за мало небеско тело што орбитира околу Сонцето,  озади Нептун. Неговата екстремна оддалеченост значи дека на „L91“ му е потребно исклучително долго време да направи круг во Сончевиот систем.

Нептун е најоддалечената потврдена планета во нашиот Сончев систем, која обитира околу Сонцето на оддалеченост од околу 4,5 милијарди светлосни години. Научно кажано тоа изнесува 30 астрономски единици (АИ), што значи на 30 пати поголемо растојание од растојанието помеѓу Сонцето и Земјата.

Меѓутоа „L91“ прави уште поширок лак. Најблиску што доаѓа до Сонцето е на 50 АИ, но на неговата елиптична орбита може да се забележи и на оддалеченост од 1,430 АИ, пред полека да се врати наназад.

Ова значи дека на „L9“1 му се потребни повеќе од 20.000 години да се сврти околу Сонцето, што претставува втора најголема орбитална оддалеченост од Сонцето (или афел) на познат ТНО, после неодамна откриениот астероид „2014 FE72“ (4274 AИ).

Но, веројатно уште повпечатлив е фактот дека орбиталната траекторија на „L91“ изгледа дека е во транзиција со еден мал објект што мигрира од една група  небески тела позната како Ортов  облак, во друга група во близина на Кајперовиот појас.

Ваков вид на транзиција досега не е забележен кај ТНО, па тимот од Кралскиот Универзитет во Белфаст што го открил „L91“, смета дека е можно тоа да е последица на ефектот од гравитацијата на Нептун врз малата планета, веројатно поврзан  со гравитациската интеракција од ѕвезда во движење.

Сепак, не се сите убедени во ова објаснување.  

Планетарниот научник Константин Батигин од Институтот Калтек, кој беше дел од тимот кој прв ја постави хипотезата за Планетата Девет смета дека масивна планета која се наоѓа на периферијата од Сончевиот систем е одговорна за необичнте орбити на многу тела слични на „L91“.

Во новото истражување, што сѐ уште не е објавено, научниците истражувале дали Деветата планета – за која се проценува дека има маса 10 пати поголема од масата на Земјата, може да биде објаснување на движењата на „L91“, но првичните пресметки сугерираат дека тоа не е случај.

Овие наоди биле презентирани на состанокот на Американското астрономско здружение , во Пасадена, Калифорнија, минатата недела.

Поддржете ја нашата работа: