Нуркање помеѓу два континента (ВИДЕО)

Лоцирана во езерото Тингвалват во Националниот парк Тингвелир во Исланд, пукнатината Силфра е вистинско геолошко чудо.

Оваа пукнатина помеѓу два континента (Северна Америка и Европа) се формирала како резултат на постојаното движење, односно одалечување на двете тектонски плочи (околу 2см. годишно). Тука се наоѓа најчистата вода на светот како резултат на неверојатната природна филтрација, односно со топењето на блискиот глечер Лангјекидл, водата навлегува во земјата и се филтрира низ порозна подземна лава додека да стигне до северниот крај на езерото, извирајќи од подземни бунари.

3Ова е една од најдобрите светски дестинации за нуркање, каде што нуркачите буквално пловат помеѓу Северна Америка и Евроазија, а кај некои од најтесните отвори дури можат да ги допрат двата континента истовремено.

A diver explores the cathedral at Silfra canyon, a deep fault filled with fresh water in the rift valley between the Eurasian and American tectonic plates) at Thingvellir National Park, Iceland. In this photo the American plate is on the left and the Eurasian plate on the right. Model released.
Северна Америка лево, Евроазија десно

Водите на Силфра нудат 4 главни локации за нуркање и тоа: Големата Пукнатина, дом на најтесната (0,5 м.) и најдлабоката (45 м.) точка; Силфра Хала, каде што пукнатината се проширува во извонреден систем на пештери; Силфра Катедрала, со прекрасни ѕидови од вулкански камења и Силфра Лагуна која е омилена меѓу нуркачите поради разновидноста на алгите.

2„Wethorse Productions“ (видеото подолу) и фотографот Алекс Мастард (фотографиите) ни овозможуваат неверојатен поглед во местото каде што „земјата се раскинува“. Ова е само уште еден потсетник за чудата на природата и неверојатната убавина на нашата планета Земја.

Поддржете ја нашата работа: