Научниците откриле зошто огромната пукнатина на Антарктикот се шири толку брзо и се чини дека проблемот е поголем отколку што се претпоставуваше.
Пукнатина што се наоѓа на глечерот „Larsen C“, речиси воопшто не се ширела до 2014 година.
Се покажало дека била заробена од посебен вид на мраз , кој е распореден во појаси наречени „зони на сутури“ (зони на шевови).
Тие зони се состојат од мешавина од морска вода и мраз од древните глечери. Научниците откриле дека пукнатините се шират занчително поспоро кога се движат низ тие структури. На тој начин овие зони ги штитат ледените плочи од распаѓање, а со тоа го спречуваат и порастот на нивото н морињата.
Тие ја штителе и една од најголемите ледени плочи на Антарктикот се додека во 2014 година, пукнатината не почнала да се пробива низ една од зоните.
За само неколку месеци пукнатината станала двојно поголема и сѐ уште расте, што значи дека наскоро во океанот ќе се отцепи огромана санта од мраз.
Меѓутоа, тоа не е сѐ. Постојат уште неколку пукнатини кои би можеле да доведат до дополнително пукање и слабеење на глечерот, но сѐ уште не се знае кога тоа би можело да се случи.
Ширењето на пукнатината на „Larsen C“, во меѓувреме го спречуваат уште неколку преостанати зони на сутури.
Погледнете го видеото на „Business Insider“ кое ги поткрепува новите докази.