Од што се направени крилјата на вилинското коњче?

Вилинското коњче е едно од најстарите инсекти на Земјата кое прелетувало над реките и езерата долго време пред да се појават диносаурусите и развило многубројни механизми за преживување, вели д-р Ден Бикел, ентомолог од музејот во Австралија.

Вилинското коњче поседува моќни очи и импресивни летечки способности. Може да лета подолго, повисоко и побрзо од повеќето инсекти, понекогаш и со брзина и до 70 км. на час. Може да лета нагоре, надолу, странично, напред, назад и да лебди во воздухот, благодарение на карактеристичните крилја што ги поседува.

Вилинското коњче има два пара крилја поставени еден зад друг, кои може да ги користи во тандем или независно.

dragonfly-wing-closeupНиз секое крило се протега мрежа од вени што му дава цврстина и флексибилност. Оваа венска мрежа е поврзана во целина преку многу тенок сјаен филм од хитин – варијанта на скроб, која го сочинува егзоскелетот на повеќето инсекти.

Огромен број од без’рбетниците, меѓу кои и ракчињата, пајаците и инсектите имаат егзоскелет, што значи дека се „меки внатре, а цврсти однадвор“, вели Бикел. Хитинот не е еластичен, па затоа кога животното расте, мора да ги „потисне“ крилјата, да ја раздвои структурата и да чека новиот егзоскелт да се стврдне.

Бикел вели дека крилјата се „исклучително мазни, без испапчувања“ што прави хитинот да изгледа како стакло и да биде рефлективен. Хитинот во неговата природна форма е проѕирен и поради тоа што крилјата на вилинското коњче се екстремно тенки, хитинот личи на стакло.

Оваа блескавост не се среќава само кај вилинското коњче. Постојат многу други инсекти кои имаат стаклести крилја – муви, пчели, оси. Многу од нив ја имаат истата транспарентна стаклеста хитинска структура. Исто така, и крилјата на сите вилински коњчиња не се стаклести. Меѓу 6.000-те видови, колку што постојат во светот, има разни варијации во изгледот на нивните крилја.

„Некои се проѕирни, а некои се во светли бои, црвенкасти, кафеави, па дури и „метални“- вели Бикел.

dragonfly_wings_blogРазличните видови крилја и нивната разична боја, веројатно им овозможува на инсектите да го препознаат и да го привлечат посакуваниот партнер од сопствениот вид.

Изгледот на крилјата на вилинското коњче се менува во текот на неговиот живот и со стареењето сјајот на бојата често се намалува.

Поддржете ја нашата работа: