Од „вселенска сперма“ добиени здрави глувци

Со сперма од глувци која девет месеци била чувана во вселената, успешно биле оплодени јајни клетки и добиени се здрави глувци.

Јапонски научници на Меѓународната вселенска станица девет месеци чувале замрзната сперма од глувци, со цел да проверат дали зрачењето ќе влијае на нејзиниот квалитет. Интензивната радијација во вселената предизвикала мали оштетувања на ДНК на спермата, но сепак, после ин витро оплодувањето на Земјата добиени се здрави потомци.

Истражувачите, предводени од Др. Сајака Вакајама од Универзитетот во Јамамаши, велат дека ова дава надеж за репродукција и на други цицачи, вклучувајќи го и човекот со сперма која била  сочувана во вселената. Тие предвидуваат  долготрајни  вселенски мисии, каде асистирана репродуктивна технологија ќе се користи за домашни животни, но и за луѓе исто така.

Во претходните развојни студии во вселената биле опфатени, помеѓу другото, риби и водоземци. Цицачите се потешки за одржување во вселената, па затоа и можностите за истражување се ограничени.

Според истражувачите постои и друга причина за чување на сперма во вселената, вклучително и катастрофите на Земјата.

Месечина би била иделно место за подземно складиање на спермата, особено лунарните тунели од лава, заради ниваната многу ниска температура и заштитеноста од вселенската радијација.

Поддржете ја нашата работа: