Огромен метеорит откопан во Аргентина

Метеорит со тежина од 30.800 килограми е откопан минатиот викенд во Аргентина, а експертите го прогласија за еден од најголемите метеорити што досега е откриен на Земјата.

Овој метеорит кој е откриен на околу 1.078 км северозападно од главиот град Буенос Аирес, му се припишува на метеорскиот дожд кој го погодил регинот пред повеќе од 4.000 години.

Иако со својата тежина од над 30 тона, некои го прогласија метеоритот за втор најголем метеорит на Земјата, сепак е рано да му се даде таква титула, пред да бидат тестирањата целосно завршени.

Неприкосновен шампион меѓу метеоритите најдени на Земјата е метеоритот Хоба, тежок 66 тони, кој е откопан во областа Отјозондјупа во Намибија, пред речиси еден век. Иако метеоритот е целосно изваден од местото каде е пронајден заради неговата тежина тој никогаш не е преместен. Се смета дека тој паднал на Земјата пред околу 80.000 години, а се проценува дека е стар помеѓу 190 и 410 милиони години.

Уште еден кандидат за второто место е 37-тони тешкиот метеорит Ел Чако откриен на истиот локалитет како и новиот метеорит. Сега експертите треба да направат дополнителни мерења за да се утврди дали новиот метеорит – наречен Ганседо, ќе го заземе второто местото, веднаш после Хоба.

giant-meteorite-argentina-2

Метеоритот бил откопан во областа „Campo del Cielo“ (што во превод значи „Поле од небото“) која се наоѓа на границата на провинциите Чако и Сантиаго дел Естеро. Се смета дека оваа област била погодена од силен метеорски дожд пред околу 4.200 до 4.700  години. На површина од само 3 на 19,2 километри се наоѓаат најмалку 26 метеорски кратери, од кои најголемиот е со димензија 115 на 91 метри. Се проценува дека од овој локалитет досега се откопани околу 100 тони вселенски отпад.

Новиот метеорит Ганседо сега ќе биде подложен на бројни тестирања, најпрво за да се потврди неговата тежина и второ да се потврди дека се работи за вистински метеорит.

Погледнете ја снимката од ископувањето.

 

Поддржете ја нашата работа: