Опрема за собирање и селектирање отпад за ООУ „Мануш Турновски“ Ново Село

 

 Прекугранично партнерство за заштита на животната средина и подобар квалитет на живот

 

ЗГ „Центар за климатски промени“ – Гевгелија на ООУ „Мануш Турновски“ од Ново Село му додели опрема за собирање и селектирање отпад. Опремата е доделена во рамките на проектот „Прекугранично партнерство за заштита на животната средина и подобар квалитет на живот“ финансиран преку ИПА програмата за прекугранична соработка на Македонија и Бугарија, прв повик 2014TC16I5CB006-2015-1.

Со оваа опрема училиштето ќе може полесно да го селектира отпадот од хартија, стакло, пластика, отпадна електрична електронска опрема (ОЕЕО), и отпадни батерии. Со стапчињата за собирање на отпад училиштето ќе може да организира акции за расчистување на школскиот двор и околината и со тоа успешно да се грижи за животната средина. Во рамките на овој настан се одржа и презентација за едукација за правилна употреба на опремата односно за правилна селекција. Со доделувањето на опремата ќе се зголеми свеста и знаење на младите генерации за правилната селекција на отпадот, намалување на количеството на отпад и негово рециклирање.

  
Овој проект е кофинансиран од Европската унија преку Interreg – ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија

Оваа публикација е остварена со помош на Европската Унија. За содржината на оваа публикација одговорност носи исклучиво ЗГ „Центар за климатски промени“ – Гевгелија и не може во никој случај да го одразува ставот на Европската Унија.

 

enauka.mk
9,257наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,181денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.