Оригами батерија

Сеокун „Шон“ Чои направил евтина батерија од хартија која се напојува од бактерии. Батеријата генерира енергија од микробиолошката респирација, која е доволна за биосензорот (исто така изработен од хартија) да работи со само една капка од течност која содржи бактерии.

Батеријата може да се превитка во квадрат со големина на кибритче, а вкупните трошоци за нејзината изработка изнесуваат само 5 центи.

„Загадената вода има многу органски материи. Кој било вид на органска материја може да биде извор на бактерии за бактерискиот метаболизам“, вели Чои. „Хартијата е евтина и биоразградлива. И не се потребни дополнителни пумпи или шприцеви бидејќи хартијата го впива растворот“.

Чои доби нов грант од 300 илјади долари, од Националната фондација за наука, за да продолжи да ја развива батеријата за да може да создава доволно енергија за бисензорот да работи (зборуваме за микровати).

Истражувањето е објавено во „Nano Energy“.

enauka.mk
9,241наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,798денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.