Едно истражување објавено во списанието „Radiology“ покажа дека разликите меѓу половите постојат дури и во однос на дрогата.
Истражувачите посебно биле заинтересирани како злоупотребата на дрога – зависноста од кокаин, амфетамини, и/или метамфетамини за речиси 16 години влијае на машкиот и женскиот мозок. Со МР скенови, истражувачите можеле да ги видат структурните разлики во мозокот и да ги споредат со здрави мажи и жени. И двете групи на мажи и жени биле на слична возраст.
Резултатите покажале дека во просек по 13,5 месеци апстиненција или повлекување, мозокот на жените зависници е во полоша состојба од зависните мажи и здрави мажи и жени. Зависните жени имале значително помалку сива материја во фронталниот, лимбичкиот и темпоралниот регион на мозокот од секоја друга група. Истражувачите објаснуваат дека овие одредени мозочни региони се важни за донесување на одлуки, емоции, обработка, награда, и формирање на навика.
„Намалениот волумен на сива материја кај жените кои биле зависни од дрога се поврзани со повеќе импулсивност, помала толеранција на награда, а исто така и потешки дроги“, вели Д-р Џоди Танабе, главниот автор на студијата и професор по радиологија на Универзитетот во Денвер Колорадо во соопштението.
Овие наоди може да обезбедат докази за биолошките процеси при злоупотреба на стимуланси кај мажите и жените.
Во споредба со мажите, жените имаат тенденција да започнат со употреба на кокаин или амфетамини на порана возраст, покажуваат забрзана ескалација на употребата на дрога и имаат повеќе тешкотии при одвикнувањето. Авторите се надеваат дека овие наоди ќе доведат до понатамошна истрага за родовите разлики во зависноста од некоја супстанција и на тој начин, повеќе ефективни третмани.
Националниот институт за злоупотреба на дрога наведува слични истражувања кога станува збор за кокаин и хероин. Покрај разликите во мозокот, некои истражувања покажуваат дека жените се повеќе подложни на кардиоваскуларни ефекти на кокаин.
Родово специфични програми за рехабилитација стануваат се повеќе достапни. Но, понатамошните истражувања за разликите може да ги унапредат третманите, односно да се изврши подобра подготовка за процесот.