Меѓународен тим на научници откри чудна „ѕвездена празнина“ во близина на центарот на нашиот Млечен Пат каде што воопшто нема млади ѕвезди познати како Цефеиди. Ова откритие сугерира дека иако има Цефеиди во срцето на Млечниот пат, нема никакви млади ѕвезди во околниот регион на екстремно внатрешниот диск – голема област која се протега на неверојатни 8.000 светлосни години од галактичкиот центар. За споредба, самиот Млечен Пат изнесува околу 100.000 светлосни години во дијаметар.
„Тоа значи дека немало значајно формирање на ѕвезди во овој голем регион во текот на стотици милиони години“, вели истражувачот Џузепе Боно од Универзитетот Рим II во Италија. „Движењето и хемискиот состав на новите Цефеиди ни овозможува подобро да го разбереме формирањето и еволуцијата на Млечниот Пат“.
Празнината може да ја забележите на сликата подолу, каде што сините кугови ги претставуваат Цефеидите.
Иако не слушаме често за нив, Цефеидите се многу важни за астрономите кои се обидуваат да разберат како ѕвездите се распределени низ универзумот, особено бидејќи се млади и доволно светли за истражувачите да пресметаат на колкава оддалеченост се наоѓаат. Разбирањето на тоа како се распределени ѕвездите би им овозможило на научниците подобро да разберат како универзумот првично се формирал.
Истражувањето е објавено во „Monthly Notices of the Royal Astronomical Society“.