Откриен досега најголемиот отисок од диносаурус ( +Видео )

Во Австралија е откриен досега најголемиот отисок од стопало на диносаурус кој е долг 1.75 метри

Отисокот му припаѓа на сaуропод, диносаурус тревојад со долг врат. Забележен е на полуостровот Дампиер во западна Австралија.

По своите димензии овој отисок го надминува досегашниот најголем отисок што беше откриен минатиот јули во Боливија, долг 115 сантиметри, а му припаѓал на диносаурус месојад.

Новооткриениот отисок е уште еден во низата извонредни откритија забележени во овој регион кој научниците го нарекуваат и  „Австралиски Јура парк“.

На полуостровот Дампиер досега се откриени повеќе од дваесет отисоци од диносауруси, како и неколку карпи  стари околу 140 милиони години, се наведува во соопштението од Универзитетот во Квинсленд.

Стив Салисбури, водач на истражувањето кое трае веќе пет години вели дека ова е единствено откритие. Тој и неговиот тим исто така успеале да ги откријат првите потврдени докази за постоењето на стегосауруси во Австралија.

Поддржете ја нашата работа: